Тимот на Македонија Ѓорче Петров славеше против Аеродром со 29-26 во натпревар од 22 коло во прволигашката конкуренција.
Иако гостите водеа на паузата со 16-15, сепак „лавовите“ во вториот дел направија пресврт и ги освоија бодовите.
Клучниот период беше во последните десетина минути, кога домашните по 25-23, дадоа четири гола по ред за 29-23.
До крајот гостинските ракометари само го ублажија поразот и немаше време за комплетен камбек.
Најдобри стрелци кај победникот беа Мартин Бучуковски со девет и Бојан Чакалиќ со осум гола, додека кај Аеродром се истакнаа Бојан Божиновски со девет и Бојан Поповски со седум погодоци.

























