Ракометарите на Вардар славеа во драматичен натпревар над Охрид со 24-23 и го освоија трофејот во Купот на Македонија.
Пред доделувањето на медалите и пехарите, беа доделени индивидуалните признанија на најдобрите на Ф4 турнирот.
Најдобар стрелец на турнирот беше средниот бек на Вардар, Јака Малус, кој го доби признанието и за најкорисен играч на турнирот, МВП.
За најдобар голман беше прогласен чуварот на мрежата на Охрид, Кристијан Пилиповиќ, кој бранеше одлично на двата меча во Струмица.























