Добри вести за Вардар пред финалето на Купот

Вардар во недела по 23. пат ќе игра во финалето на Купот на Македонија и ќе се бори за својот 18. трофеј. Тренерот Иван Чупиќ има добри вести пред тој дуел со Охрид.

Иако во полуфиналето двајца ракометари нa „црвено-црните“ добија директни црвени картони, Урош Митровиќ и Милан Лазаревски, и двајцата ќе бидат во ростерот на вардарци. Црвените картони се однесуваат само за тој дуел, и бидејќи нема дополнителен пријави од судиите, и играчите ќе можат да настапат во неделното финале.

Охриѓани ќе треба да почекаат на исходот од прегледот на Косуке Јасухира, кој на мечот со Еурофарм Пелистер истотака се пожали на повреда и со помош на соиграчите излезе од теренот. „Гладијаторите“ веќе испишаа историја и првпат ќе се борат за трофеј во Купот.

Финалниот меч е закажан за во недела во 20 часот во Струмица.