Ракометарките на Ѓорче Петров 2 ја продолжуваат трката за суперлигашки бараж, откако славеа против Јехона.
Младите „лавици“ победија со 44-13 против составот на Јехона и сега имаат 26 бодови на второто место кое води во баражот.
На третото место е Овче Поле СУ со 24 бода, а двете екипи до крајот на сезоната ќе имаат за играње уште шест натпревари.
На мечот со Јехона, младите ѓорчепетровски водеа со 25-7 на паузата, а второто полуреме беше само формалност.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ева Ѓорѓиевска и Марија Димоска со по шест погодоци, а Алтина Хасани даде четири гола за Јехона.

























