Натпреварувачката Комисија на Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Финалето во машка конкуренција им е доверено на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека кај дамите, правдата на битката за трофеј ќе ја делат Лејла Јашар и Викторија Прентоска.
Секој ден термините за натпреварите на 17 април (полуфинале мажи), 18 април (полуфинале жени) и 19 (финале мажи/жени) се од 17:00 часот и 20:00 часот.
Сите шест натпревари ќе се одиграат во салата „Парк“ во Струмица.

Куп на Македонија, мажи:
полуфинале:
Охрид – Еурофарм Пелистер (Илиевски/Илиевски)
Алкалоид – Вардар (Металари/Николовски)
финале:
(Митревски/Тодоровски)
Куп на Македонија, жени:
полуфинале:
Пелистер – Ѓорче Петров (Стефаноски/Глигороска)
Спартак – Чаир (Шуковски/Илиевски)
финале:
(Јашар/Прентоска)
























