Тимот на Лото Пулави, каде брани македонскиот интернационалец Андреј Петковски, запиша нов пораз во полскиот шампионат.
И покрај одличната партија на Петковски, кој беше четириесетина минути на теренот, неговиот тим загуби кај Легионово со 41-24.
Mакедонскиот чувар на мрежата одбрани девет пати, меѓу кои и два седмерци на домашниот тим, па да не беше тој поразот ќе беше уште поубедлив.
Петковски и Пулави од следниот викенд ќе ја започнат борбата за опстанок во полската елитна конкуренција.









