По комплетирањето на осминафиналните натпревари, познати се сите двојки во ТОП 8 од Лигата на шампионите.
Извисија двата полски клуба – Висла Плоцк и Келце, а ќе има по два претставници од Унгарија и Германија.
Покрај ПИК Сегед, Веспрем, Магдебург и Фуксе Берлин, тука се Барселона (Шпанија), Нант (Франција), Алборг (Данска) и Спортинг Лисабон (Португалија.
Четвртфиналните натпревари се на програмата на 29/30 април, додека реваншите ќе се играат на 6/7 мај, кога ќе бидат познати патниците на Ф4.
Најинтересно се очекува да биде на пресметката меѓу Фуксе Берлин и Веспрем, додека европскиот првак Магдебург ќе биде предизвикан од ПИК Сегед.









