Манасков ќе се бори за трофеј во Австрија!

Покрај Холабрун на Влатко Митков, Филип Арсеновски и Хари Павлов, уште еден Македонец ќе се бори за трофеј во Купот на Австрија.

Мартин Манасков и неговиот тим Алпла Хард славеа на гостински терен кај Вослауер со минимални 23-22 и обезбедија настап на Ф4.

Завршниот турнир во Купот на Австрија ќе се игра на 24 и 25 април во Виена, а таму покрај Холабрун и Алпла Хард место обезбедија уште две екипи.

За трофејот ќе се борат уште Кремс и Тирол, а полуфиналните двојки ќе бидат дополнително познати.