Тимот на Кретеј, каде што игра македонскиот интернационалец Михајло Младеновиќ, одигра реми на тешкото гостување кај Иври.
Мечот од 24 коло од Втората лига на Франција заврши 31-31, иако Кретеј водеше со три гола на паузата, 17-14.
Младеновиќ беше меѓу најдобрите играчи на гостинскиот тим и успеа да погоди пет пати од шест обиди.
Кретеј е на осмото место на табелата со 23 бодови и со практично обезбедено место во разигрувањето за елитната конкуренција во Франција.
























