Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 19. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 19. коло има по една ракометарка од Чаир, Спартак и Вардар.
За ѕвезда на колото може да гласате до понеделник до 12:00 часот.
Супер женска лига, 19. коло, резултати:
АСТИБО – ЧАИР 30-35
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 37-26
СПАРТАК – КУМАНОВО 32-28
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 0-10 сл.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 19. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Мила Трајковиќ (Чаир) – Левото крило на Чаир беше меѓу најзаслужните за победата во Штип.
Нина Попова (Вардар) – Кружниот напаѓач на „црвено-црните“ даде осум гола против битолчанки.
Анастасија Николовска (Спартак) – Левото крило даде 11 погодоци во триумфот над Куманово.

























