Радовиш имаше шанса да ги освои првите бодови – Пролет на крајот победи

Радовиш имаше голема шанса во 25. коло од Супер лигата да го освои првиот бод сезонава, но не издржа до крај, и во последните минути му дозволи на Пролет да се врати во Скопје со два побендички бода. Во 59 минута Пролет поведе со 18-17, домашните имаа напад, кој не го реализираа а скопјани потоа дадоа уште еден гол за конечен триумф.

Пролет само неколкупати имаше водство во текот на средбата, а Радовиш беше тимот кој имаше фуриозен почеток и водство 5-0 во 9. минута. Мораше Доне Мајнов да бара тајмаут, и на гостите им требаа 13 минути за да го израмнат резултатот, 7-7 во 22 минута. На полувреме резултатот беше 9-9.

Почетокот на вториот дел беше во знакот на Пролет кој поведе со 12-10 во 35 минута. Па се играше „гол за гол“ за Пролет во 50 минута повторно да поведе, со 15-14. Следуваше одговор на Радовиш кој го презеде водството и имаше предност до 57 минута. Потоа Давитковски со два гола направи пресврт кој беше клучен и за конечната победа на скопјани.

Кај гостите Давор Палевски со 7 гола беше најефикасен, а пет даде Кристјан Давитковски. Голманот Бојан Солев имаше 14 успешни одбрани.
Кај доаќините Мартин Димов даде 5 гола, а еден помалку постогна Александар Ѓорѓиев.