Трета среќа за битолчанки – Пелистер ќе игра на Ф4 во Купот

Речиси 40 дена откако во првенството загубија на домашен терен од Куманово, сега ракометарките на Пелистер се надминаа себе си, и со триумф од27-26 изборија место на Ф4 турнирот во Купот на Македонија. По два порази во првенството, сега Пелистер триумфално го заврши мечот со Куманово.

Таму ќе ги чека Чаир, Спартак и една екипа на Ѓорче Петров. Дополнително ќе се извлечат полуфиналните двојки. Познато е само дека полуфиналињата се играат на 18 април, а финалето е ден подоцна

Иако се во долниот дел од табелата во женската Супер лига, битолчани уште од самиот почеток на средбата ја имаа предноста, иницијативата и н акрај се радуваа на победа што ќе им донесе шанса во Струмица да се борат за Куп трофејот. Иако таму ќе бидат аутсајдери, во зависност од ждрепката може да се надеваат и на финале.

Какошто течеше натпреварот разликата постојано беше во корист на Пелистер, и немаше дилемеи кој ќе победи. Барем така изгледаше. Во 52 минута домашните водеа со 25-19 и се насмевнуваше победата.

Ако битолчанки мислеа дека ќе им биде лесно, во самата завршница гостинките намалија на 27-25, а потоа на 90 секунди до крај и на само еденгол негатива, 27-26 правејќи ги последните напади, важни и без можност за грешка. На 15 секунди до крај домашните се изборија за пенал, кој голманот на гостите го одбрани, ама во напад кумановски направија чекори и пропадна шансата да се шутираат пенали.

Анастасија Тодоровска со 11 гола беше најпрецизна кај домашните Данела Шиниковска постигна 7 гола. Кај гостинките девет гола даде Аманда Стеин.