Тимот на Куманово славеше против Вардар со убедливи 32-24 во последниот натпревар од 18 коло во Супер женската лига и се вклучува во битката за ТОП 3 на табелата.
Домаќинките го контролираа резултатот во текот на целиот меч, но клучната предност ја направија последните петнаесетина минути. Куманово водеше со 15-9, но до паузата вардарки намалија на 15-13.
На дебито на клупата на Даниела Новеска, нејзините девојки беа во игра за позитивен резултат до 45 минута, кога со голот на Беровиќ, Вардар се доближи на минус еден 22-21.
Сепак тоа беше се од вардарки, а кога најмногу требаше Куманово погодуваше од сите позиции и до крајот само ја зголемуваше разликата.
По осум погодоци во победничкиот тим дадоа Павлова, Стеин и Азеведо, додека кај Вардар по четири пати стрелаа Вељаноска и Беровиќ.
Ѓорче Петров е прв со 33 бода, Чаир е втор со 30, трет Металург Автокоманда со 18, кој на крајот ќе остане на осум, додека Вардар има 18, а Куманово 17, па меѓу овие две екипи ќе се бара третопласираниот состав на крајот на сезоната.

























