Со гол од пенал во последната секунда од мечот Филип Кузмановски погоди за реми, 30-30 против Австрија во пријателски меч одигран во Брегенц.
Имаше Македонија предност од 4 гола во второто полувреме (25-21), а домаќините израмнија на 29-29 во 59 минута. Потоа Австријците дури и поведоа, бо Македонија се избори з апенал кој Кузмановски го претвори во гол.
Кузмановски со 10 гола беше најпрецизен кај Мaкедонија, а пет гол апостигна Марко Митевс, по три дадоа Велковски и Николов, а двапати во листата на стрелци се запиша Костески и Лазаревски.
Испробуваа двата селектори свои варијанти на игра во напад и во одбрана, па затоа и имаше доста осцилации. Во 10 минута Македонија водеше со 5-4, по што Австрија го презеде водството: Домаќините имаа највисоки два гола предност, но на полувреме се замина со 15-15.
Осум минути траеше „неизвесноста“ во второт полувреме кога Македонија преку Митев, а потоа и Кузмановски и Костевски направија серија со која поведовме со 24-20. во 41 минута.
Во последните десет минути с евлезе со предност од 27-26 за Македонија, а Билик во 58 монута успеа да израмни на 29-29 најавувајќи драматичка завршница.







