Голманката на Астибо, Кристина Младеновска Кузмановска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 17. коло во Супер женската лига.
Таа имаше одлична партија на мечот против Пелистер и беше меѓу клучните ракометарки за победата со 17 интервенции.
Младеновска Кузмановска го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 86% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Во конкуренција за ѕвезда на 17. коло беа уште и членките на Ѓорче Петров и Спартак, Емилијана Ризоска и Сара Цветановска.


























