Хрватскиот првак Загреб денеска го промовираше своето најново засилување за наредната сезона.
Станува збор за поранешниот руски репрезентативец и некогашен член на Вардар, Глеб Калараш кој доаѓа од ПИК Сегед.
Тој позираше со дресот со број 30, на кој неговото презиме не беше напишано правилно – КАРАЛАШ, а тоа беше забележано од новинарот на Спортске Новости.
Веројатно до лето, кога Калараш ќе треба официјално да го облече дресот на Загреб, ќе добие спортска опрема со точното презиме.



























