Како во Бундес лигата: Шампион и Партизан се изнадаваа голови – паднаа дури 81!

Тимот на Партизан Гевгелија според очекувањата славеше на гостински терен кај Шампион во меч на кој паднаа 81 погодок, 46-35.

Гевгеличани ја обезбедија победата уште по првото полувреме кога водеа со 15 голови разлика, 25-10.

Илија Пејковски беше предводник на Партизан со 13 погодоци, додека Давид Јовчевски даде 15 за домаќините.

Во следното коло Шампион ќе гостува кај Вардар Неготино, а Партизан Гевгелија ќе го пречека Аеродром.