Во продажба билети за историскиот меч: Бодрете го Охрид во македонско-грчкиот двобој за 200 денари!

Тимот на Охрид ги пушти во продажба билетите за реванш четвртфиналниот натпревар против Олимпијакос од ЕХФ Европскиот Куп.

Цените на билетите што може да се купат онлајн ТУКА, се 200 и 300 денари во зависност од местото на седење во салата.

Натпреварот меѓу Охрид и Олимпијакос е закажан за 4 април во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:00 часот.

Првата средба меѓу македонскиот и грчкиот состав ќе се игра во Атина на 29 март од 16:00 часот.

Доколку го мине овој ривал, тимот на Охрид ќе го оствари најголемиот клупски успех на меѓународна сцена.