Тимот на Бор, каде што игра македонската интернационалка Сања Дабевска, обезбеди место во финалето на Купот на Србија.
Бор славеше на гостински терен кај Младост Нова Пазова со 29-24, откако и на паузата водеше со 15-12.
Дабевска беше најдобар стрелец на победничкиот тим и успеа да постигне пет погодоци во противничката мрежа.
Ривал на Бор и Дабевска во мечот за трофеј во Купот што ќе се игра на 28 март ќе им биде Црвена Звезда, која го елиминира тимот на Рума.

























