Тимот на Атлетик продолжува со формирањето на играчкиот ростер за наредните предизвици што го очекуваат клубот во елитната конкуренција.
Левиот бек Сара Богојеска стави потпис на нов договор и ќе остане во Атлетик најмалку до 2029 година.
Таа потекнува од Деспина од Прилеп, а ги носеше дресовите на Куманово и Вардар. Прилепчанката е поранешна кадетска и младинска репрезентативка на Македонија.
Атлетик има огромна бодовна залиха на врвот на табелата во Првата лига и само чудо може да го спречи да избори елита.
Претходно голманката Матеа Чурлиновска стави потпис до 2029 година, а нов тригодишни договори потпишаа и левиот бек Анастасија Величковска, пивотот Дафина Соколовска, како и средниот бек Исидора Котевска.

























