Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за казни по мечот меѓу Вардар Неготино и Текстилец.
Неготинци прославија победа на натпреварот против штипјани со 41-32, но по прегледувањето на снимката утврдена материјална повреда на правилата.
Еден од играчите во домашниот тим и покрај трите исклучувања, го игра натпреварот до крајот, а судиите, делегатот и записничарот имаа разногласие во евиденцијата на исклучени ракометари.
Арбитрите Илија Батанџиев и Илија Стојанов се казнети од РФМ на три недели, исто како и записничарот на Вардар Неготино, Ристо Трајковски.
Делегатот Ѓорѓи Дучков доби најголема казна и ќе паузира шест месеци, односно до стартот на новата сезона.

























