Младинскиот состав на Еурофарм Пелистер, кој лани стигна до завршниот турнир во Лигата на шампионите, и оваа сезона ќе игра во елитната конкуренција.
Пелистерци втора година по ред се дел од ЛШ, а минатата сезона преку Келце и Динамо Букурешт стигнаа до Келн и Ф4.
Оваа сезона, Еурофарм Пелистер, патува на квалификацискиот турнир во Пореч, што ќе се игра на 30 и 31 март, а прв ривал му е данскиот Алборг.
Во второто полуфинале ќе се соочат Загреб и Фуксе Берлин, а победниците од двете средби ќе играат за место на Ф4.
Во составот на тимот се голманите Јован Мацанковски и Василиј Пајковски, крилните играчи Павел Велјановски, Томислав Кебаковски, Лука Кочанов, Константин Бундалевски и Андреј Георгиев, бековите Тео Спировски, Владимир Марковски, Давид Здравковски, Стефан Василевски, Горазд Мијалчев, Иван Митровски и Александар Дуковски, како и пивотите Бојан Бојчевски и Јован Симоновски. Тимот е предводен од тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски, кои и во минатата сезона беа предводници на тимот во ЛШ.

























