Словенечкиот шампион Слован Љубљана по Домен Тајник, го официјализираше и второто засилување за наредната сезона.
Станува збор за десниот бек на црногорската репрезентација Стеван Чавор, кој доаѓа од бундеслигашот Вецлар.
31-Годишниот Чавор, по девет години го напушта Вецлар, каде што стана најдобар стрелец во историјата на клубот.
За него ова ќе биде камбек во Словенија, каде што го носеше дресот на Целје, a покрај за матичната Будва играше во Сиудад Реал, Виља де Аранда во Шпанија, како и во унгарскиот Чурго.
Чавор потпиша договор на две сезони со Слован Љубљана, кој посакува да игра во Лигата на шампионите наредната сезона.
























