На седницата на Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија својот извештај за настапот на ЕП 2026 го поднесе селекторот Кирил Лазаров.
Тој е задоволен од оствареното на континенталниот собир и 14 место во Скандинавија, но потенцираше дека ако има некој што може да вети дека Македонија може да ја однесе во ТОП 10 на големите натпреварувања, би го отстапил своето место.
„Ако има некој да ја води Македонија и да вети дека може да ја однесе до ТОП 10 на големите натпреварувања, слободно нека дојде на моето место, но верувајте дека реалната слика е поинаква. Реалноста е таа, ростерот е лимитиран, ние во однос на последното ЕП ќе имаме одредена додадена вредност со Милан Лазаревски и со Марко Митев, кој се уште се враќа во форма. Треба да се биде реален, не треба да се даваат лажни ветувања. Направиме добра база на играчи, националниот тим обединува, треба сите да работиме за да направиме добри репрезентации“, изјави Лазаров на состанокот на УО.
Следен предизвик за Македонија ќе биде третиот бараж за СП 2027 во Германија против победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка.
























