Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за четвртфиналето во Купот на Македонија кај дамите.
Бранителот на трофејот, Ѓорче Петров, ќе се соочи со вториот тим на „лавиците“ – Ѓорче Петров 2, кој претходно направи изненадување и го елиминираше Вардар.
Финалистот од минатата година, екипата на Чаир, за место на завршниот турнир ќе се бори против прволигашот Овче Поле СУ, додека Куманово е голем фаворит против Пелистер.
Прволигашот Атлетик откако го елиминира суперлигашот Астибо, сега ќе игра со уште еден суперлигаш Спартак. Победникот од овој двомеч ќе испише историја и за првпат ќе игра на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Во оваа фаза ќе се игра само еден натпревар, а победниците ќе играат на Ф4 меѓу 16 и 19 април, на место што ќе биде дополнително одредено.
Четирите средби од четвртфиналето ќе се играат на 25/26 март.
Куп на Македонија, четвртфинале:
Спартак – Атлетик
Овче Поле СУ – Чаир
Ѓорче Петров – Ѓорче Петров 2
Пелистер – Куманово

























