Атлетик ја „врза“ Соколовска до 2029 година

Кружниот напаѓач Дафина Соколовска ќе остане во тимот на Атлетик и во наредните три сезони.

Соколовска стави потпис на нов договор и ќе биде дел од клубот што го предводи Татјана Хмирова и во иднина.

Пивотот потекнува од Вардар, беше дел и од академијата на Металург, а потоа три сезони до 2025 година ги бранеше „црвено-црните“ бои.

Атлетик има огромна бодовна залиха на врвот на табелата во Првата лига и само чудо може да го спречи да избори елита.

Претходно голманката Матеа Чурлиновска стави потпис до 2029 година, а нов тригодишни договори потпишаа и левиот бек Анастасија Величковска, како и средниот бек Исидора Котевска.