Струшкиот и македонскиот ракомет останаа без еден од ракометните работници што остави длабока трага, Сашо Србиноски.
Србиноски почина денеска ненадејно во Струга на 61-годишна возраст, а тој е една од личностите што има голем придонес во успешната организација на Струшкиот турнир.
Тој е некогашен ракометар на Струга, работеше во матичниот клуб како прв тренер, но и како тренер во младинските категории.
Беше директор на Струшкиот турнир, а во последните неколку сезони беше вклучен во организацијата на традиционалниот турнир покрај езерото.
Србиноски беше и прв селектор на репрезентацијата во ракомет на плажа со која беше дел од големите натпреварувања.

























