По комплетирањето на елиминациската фаза од Купот на Македонија кај дамите, познати се сите четвртфиналисти.
Пет суперлигашки екипи, меѓу кои и бранителот на трофејот, како и три прволигашки екипи ќе играат во ТОП 8 фаза и ќе се борат за Ф4.
Ѓорче Петров, Чаир, Куманово и Спартак ќе бидат дел од првиот шешир пред ждрепката, додека останатите четири се најдоа во вториот шешир.
Ждрепката за четвртфиналните двојки ќе се одржи утре од 12:30 часот, а натпреварите ќе се одиграат на 25/26 март.
Победниците од четирите средби ќе обезбедат пласман на Ф4.
Куп на Македонија, жени:
шешир 1: Ѓорче Петров, Чаир, Куманово, Спартак
шешир 2: Пелистер, Овче Поле СУ, Ѓорче Петров 2, Атлетик

























