Лазаров повика нов ракометар од Вардар во националниот тим

Селекторот на машката репрезентација, Кирил Лазаров, упати дополнителен повик за уште еден ракометар пред собирот во ЕХФ неделата.

Станува збор за кружниот напаѓач на Вардар, Кристијан Анастасовски, кој добива првпат шанса за настап во сениорската репрезентација.

Лазаров за оваа акција смета на 19 ракометари, а oд комбинација отпадна пивотот на тимот од Автокоманда, Марко Стојковиќ.

За оваа ЕХФ недела Лазаров не ги повика искусните Митревски, Маркоски, Пешевски, го нема ниту повредениот Ѓорѓиев, како и Серафимов.

Македонските репрезентативци ќе се соберат утре од 13:30 часот, а в сабота на 21 март ќе одиграат пријателски натпревар со селекцијата на Австрија.