Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 17. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 17. коло има по една ракометарка од Спартак, Ѓорче Петров и Астибо.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Супер женска лига, 17. коло, резултати:
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР 24-16
АСТИБО – ПЕЛИСТЕР 29-17
ВАРДАР – СПАРТАК 25-33
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – КУМАНОВО 0-10 сл.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 17. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Кристина Младеновска Кузмановска (Астибо) – Голманката на штипјанки беше меѓу најдобрите поединки против Пелистер во клучниот дуел за избегнување на баражот.
Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка одигра одлично на дербито против Чаир.
Сара Цветановска (Спартак) – Кружниот напаѓач беше меѓу клучните ракометарки кога се правеше серијата за победа кај Вардар.
























