Средниот бек на Вардар, Јака Малус, го откажа повикот на селекторот на Словенија, Урош Зорман, за ЕХФ неделата.
Словенците се собраа во Зрече, но само ќе тренираат без пријателски натпревари и ќе се подготвуваат за предизвикот во мај против Црна Гора или Финска за пласман на СП 2027.
Малус се најде на списокот на Зорман и за ЕП, но и тогаш отпадна поради повреда, а сега поради натрупаниот распоред, реши да не ризикува.
Зорман нема да смета ниту на Домен Тајник, кој имаше операција на слепо црево, како и Тим Розман, па дополнително го повика Мирко Латковиќ.
Во ЕХФ неделата, словенечкиот селектор ќе ги проверува квалитетите на играчите од домашното првенство, иако повика и неколку интернационалци, но најдобрите добија одмор.

























