Македонското ракометно „Ел калсико“ даде делумен одговор како ќе тече понатаму првенството во Македонија. Откако во Битола славеше Вардар со 27-22 против Еурофарм Пелистер, станува јасно дека милиметри го делат скопскиот тим од враќањето на македонскиот трон и освојување на титулата по три сезони пауза.
Победникот беше решен во последните десет минути од средбата кога вардарци стигнаа до највисока предност од четири голови, а домашните немаа многу идеја во нападот, па задачата за пелистерци да се вратат во мечот стана невозможна мисија.
Сега на табелата Вардар има 46 бодови, додека Еурофарм Пелистер останува втор со 40 бодови и со мали шанси за да ја одбрани титулата. Охрид исто така има 40 бодови, а „сино-белите“ од Автокоманда се четврти со 36.
Ова беше дуелот на сезоната кој можеше да реши многу, и двете екипи се надеваа на бодови со кои можат да го направат првенството (не)интересно. Гостите бараа бодови со кои ќе се одлепеа и ќе направеа голем чекор кон титулата, а домаќините мораа да победат за да ја намалат разликата и да се надеваат на завршница како лани со која би биле блиску до одбрана на титулата.
Во регуларниот дел од сезоната во Скопје победија домаќините со 31-28, а во Битола резултатот беше 28-23. Вардар последен пат победил во Битола на 24 април 2025 година со резултат 35-34.

Вардар поведе, но домашните откако го презедоа водството од 3-2 потоа имаа контрола. Во прилог на битолчани одеше и црвениот картон што го доби Урош Митровиќ во 9 минута по ударот над Павле Атанасијевиќ. Десниот бек на скопјани мораше да замине на трибините, по што Еурофарм Пелистер го зголеми водството на 7-4. Во брзата игра Вардар најде решение и врати со два гола по ред, по што резултатот беше намален на 7-6 во 15 минута.
Воркапиќ имаше шанса да днесе израмнување по двојнот исклучување на Осама и Горига, но тој пенал заврши над голот. Исто и битолчани не релаизира пенал, а Милан Лазаревски во 18 минута донесе израмнување, 7-7, правејќи го мечот интересен. По голот на Видомски и водството 8-7, Иван Чупиќ побара тајмаут, а шанса за пенал да шутира доби Тузолана кој погоди за ново реми 8-8.
Видомски беше малото изненадување на Стефче Алушовски, и Полјакот постигна два гола за 19 минути играње. Рудолф Хакбарт во 24 минута повторно му донесе предност на Еурофарм Пелистер од „плус 3“ за 11-8, но Дмитро Горига брзо врати на спротивната страна. Имаа и двата тима шанси за гол, Но Тузолана во контра успеа да погоди и да намали на 11-10 во 28 минута од првото полувреме.
Имаше можност Вардар да израмни, но шутот од крило на Тузолана заврши во рацете на Никола Митревски кој ја забележа петта одбрана на мечот. Пешевски зголеми на 12-10, а Франциско Силва на 12-11. Последниот шут го имаа домашните од крило но беа реализација.
Почетокот на вториот дел беше воз накот на гостите, кои ги консолидираа редовите ја анулираа предност, и во 42 минута Стефче Алушовски мораша да бара минута одмор, бидејќи неговиот тим имаше негатива од 15-16. Беа битолчани во напад, но Милош Валах одбрани, ама гостите направија грешка, па Атанасијевиќ во контра повторно израмни.

Она што го промашија вардарци претходно Тузолана го реализираше и Вардар првпат поведе со „плус 2“ за 18-16 во 45 минута. На битолчани следниот шут во напад им завршпи покрај голот, ама тој напад на Вардар не заврши со погодок, а Видомски намали на 17-18.
Видомски погоди од лоша позција од крило и изнуди исклучување на Јанковски, а тој напад на вардарци заврши со техничка грешка по што Хосни на празен гол погоди за ново израмнување, 19-19. Лазаревски на спротивната страна погоди, а Еурофарм Пелистер по пасивна игра немаше реализација.
Кога почнува да се решава победникот нема веќе поправен, а Иван Чупиќ го побара својот тајмаут за да ги намести и нападот и одбраната во 51 минута кога „црвено-црните“ имаат напад. Агресивните одбрани на двете страни нудеа многу дуели, а домашните повторно не искористија шанса да израмнат. Гоце Георгиевски погоди за ново водство на гостите од два гола, 21-19 во 52 минута.
Пеналот на Богдан Радивојевиќ во 53 минута го одбрани Милош Валах, давајќи им шанса на соиграчите во напад да се изборат за пенал. Тузолана погоди за 22-19 за највисоко водство на вардарци во Битола. Аларм за Еурофарм Пелистер, па тренерот Стефче Алушовски го побара третиот тајмаут на мечот. До крај на средбата имаше упте 6,5 минути.
Кузмановски со првиот гол од игра намали на 23-21 кога останнуваа уште пет минути за играње во Битола, но Да Силва од тешка ситуација зголеми на 24-21, а по грешката на пелистерци, Тузолана на празен гол погоди за највисоки плус четири и најави дека бодовите ќе одат за Скопје. До крајот веќе немаше дилеми која екипа ќе слави на мечот.
Голманот Валах запиша девет одбрани, Малус даде осум гола, а Лазаревски не погреши ниту еднаш и даде седум погодоци во мрежата на битолчани. Кај Еурофарм Пелистер, Митревски имаше седум интервенции, а Кузмановски, Манасков, Видомски и Хекбарт погодија по три пати.
Следната недела е ЕХФ недела и ќе има пауза во клупските натпревари, а потоа Вардар ќе биде домаќин на Охрид, додека Еурофарм Пелистер ќе гостува кај Бутел.






















