ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонско „Ел Класико“, шест меча од Купот на Македонија, двобој во Кавадарци…

Денеска од 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе го пречека најголемиот ривал Вардар, кој во моментов е лидер на табелата со 44 бодови.

Битолчани имаат 40 на второто место, па со триумф над „црвено-црните“ ќе се доближат до Вардар на два бода негатива, а битката за титулата ќе се разгори уште повеќе.

Вардарци досега во сезонава загубија само во Кристијанштад, Лисабон и Битола, но играат во одлична форма и доаѓаат во Битола по триумфот кај Мелсунген. Пелистерци иако беа елиминирани од ЛШ, одиграа три одлични натпревари, се пласираа и на Ф4 во Купот на Македонија, па подготвени влегуваат во тешка битка.

Стевче Алушовски и Иван Чупиќ би требало да сметаат на најдобрите ростери, иако многу веројатно Домен Тајник нема да биде на располагање на домашниот тим.

Покрај големото дерби во Битола, денеска се игра уште еден натпревар од суперлигашкиот плеј-оф во Кавадарци, каде екипите на Тиквеш и Бутел Скопје ќе сретнат во битка што би требало да одлучува која екипа ќе заврши на петтото место, бидејќи другите ривали се далеку пред нив.

На македонските терени ќе се играат и шест средби од елиминациите во женскиот Куп на Македонија, а ќе има и две средби од Првата машка лига во Гевгелија и Свети Николе, на кои гостинските екипи Драчево Јуниор и Младост Богданци се фаворити за бодовите.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

11:30 ПЕЛИСТЕР – СТРУЖАНКА (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
12:00 АСТИБО – АТЛЕТИК (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
13:00 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – ДРАЧЕВО ЈУНИОР (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ШАМПИОН – КУМАНОВО (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
16:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ДЕСПИНА (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
16:00 ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
18:00 ТИКВЕШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ЈЕХОНА – СПАРТАК (КУП НА МАКЕДОНИЈА)