Дуелот во Охрид заврши со реми, 27-27 но освен што и двете екипи се незадоволни од исходот, бидејќи заостануваат во трката за титулата, „лошо„ поминале и судиите. Даниело Божиновски и Виктор Начевски биле навредувани на полувреме и после натпреварот од официјални лица на гостинскиот клуб од Скопје.
Очевидци за 24ракомет потврдија дека навистина имало искри и пцовки и навреди од страна на претставници на тимот од Автокоманда. Особено биле жустри по мечот, бидејќи сметале дека биле оштетени.
Интересно е дека при составување на записникот по натпреварот немало забелешки за судењето од страна на двете екипи. Но, затоа пак судиите во својата изјава до Натпреварувалјата комисија на РФМ го пријавиле претседателот на скопскиот тим дека ги навредувал, на полувреме и после мечот. Освен што тоа го тврдат судиите, на настанот имало и други лица кои потврдуваат дека претседателот на гостинскиот тим ги пцуел судиите. И давјацата судии го потврдиле тоа во своите изјави.
Според пропозициите сите службени лица без разлика дали се во запинскот на тој меч или не, подлежат на казни доколку се утврди дека некого навредувале или направиле прекршок. Сега веројатно и Натпрварувачкатаа комисија, па и Дисциплинската комисија ќе треба да решаваат по случајот.
Веројатно ЕХФ повторно ќе има интересни коментари на тоа дека „само од Македонија“ клубовите праќаат видео материјали за своите натпревари и се жалат на судењето. Но, секако ќе биде интересно во следнио период.


























