Стојановиќ и Ајдовшчина со гостински триумф кај најголемиот ривал!

Тимот на Ајдовшчина, каде што тренер е Раде Стојановиќ, а игра десниот бек Михаил Иваноски, остави одличен викенд зад себе.

Ајдовшчина славеше на гостински терен кај најголемиот ривал за првото место, екипата на Копер, со минимални 30-29.

Сега тимот на Стојановиќ е прв на табелата со 32 бода, пред Копер кој има 30 на втората позиција, а Мокерц има 29 на третото место.

Во последното коло од регуларниот дел Ајдовшчина ќе игра на домашен терен против составот на Дол Храстник, а потоа го чека плеј-офот за пласман во словенечката елита.