ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид во поход на Лигата на Европа

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде пресметката меѓу Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда во СРЦ „Билјанини Извори“.

Натпревар кој ќе покаже која екипа ќе остане во трка за место во Лигата на Европа, а која ќе мора да се задоволи со настап во ЕХФ Европскиот Куп догодина.

Охриѓани имаат одлична сезона досега, тоа што е планирано е остварено, додека тимот на Кирил Лазаров оди во надолна линија, а атмосферата во клубот е нарушена по „суспензијата“ на Мартин Серафимов.

Повреден е Игор Ѓорѓиев, па без двајца од најдобрите, „сино-белите“ од Автокоманда се чини дека тешко ќе се справуваат на дерби натпреварите.

На табелата Вардар е прв со 44 бодови, Еурофарм Пелистер е втор со 40, додека Охрид е на третото место со 39 бодови. Ако слават и охриѓани и пелистерци, тогаш ќе има интересна трка за титулата во преостанатите осум кола.

На домашна сцена има уште два меча од суперлигашкиот плеј-аут во Битола и во Прилеп, а се играат и три натпревари од Првата машка лига.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ОХРИД – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ВАРДАР НЕГОТИНО – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ПРИЛЕП – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПРЕСПА – АЕРОДРОМ (МАКЕДОНИЈА)