Пролет останува во „златна средина“ – лесно се справи со Струга

За екипата на Пролет нема да има проблеми да остане во елитата и следната сезона, бидејќи во оваа конкуренција тие се во „златната средина“. Во мечот со Струга, домаќините немаа проблеми да победат, а предност лесно можеше да остане и двоцифрена, иако заврши 31-25 (16-12)

Сега Пролет има 17 бода, десет повеќе во однос на Струга која е на претпоследното место на табелата, и веројатно ќе игра бараж за опстанок.
Од почеток до крај домашните водеа, во првото полувреме имаа предност од највисоки 6 гола, а во второто стигна до двоцифрени „плус 10“ (23-13 и 24-14. Во завршницата на мечот падна темпото, беше јасно дека Пролет ќе биде победник, па тоа го искористија гостите да ја преполоват предност.

Стигна Струга до 26-21 на почетокот на последните десет минути. Се понадеваа на пресврт, но со два гола по ред Пролет пак отиде на сериозни „плус 8“ и водство 28-21. На седум минути до крај се беше решено.

Давор Палевски со 9 гола од 11 упатени шутеви беше најефикасен, а Никола Стоилевски даде 7 гола од 8 обиди кај Пролет. Кај гостите Наум Костов постигна 7 гола од 9 обиди

Во следното коло Пролет гостува кај поелсднопласираниот Радовиш, а Струга го печекува тимот на Прилеп.