Малус: Ако сакаме да сме шампиони, мора да победуваме на секој терен

Новата „епизода“ од најголемото македонско ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, ќе се „емитува“ утре во салата „Боро Чурлевски“.

Актуелниот шампион мора да победи за да остане во трка за титулата и да ја намали негативата во однос на Вардар на два бода.

Сега лидер е Вардар со 44 бодови, битолчани имаат 40, а шанса од позадина чека и Охрид со 39 бодови. Средниот бек на Вардар, Јака Малус, кој игра во одлична форма, го најави гостувањето кај шампионот.

„Може да очекуваме вистинско дерби. Еднаш игравме во Битола и загубивме, но мислам дека е време за реванш. Тој пораз не мотивира да се вратиме и да докажеме дека сме подобри. Ако сакаш да си шампион, мора да победиш на секој терен и против секоја екипа. Нема калкулации, очекувам тежок натпревар пред полна сала. Не треба додадтна мотивација кај никој, сметам дека треба само срце и глава. Спремни сме и физички и тактички и психички, а што ќе биде ќе видиме во недела во 21 часот“, изјави Малус.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра утревечер со почеток од 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.