Српскиот репрезентативец Марко Тасиќ, член на Динамо Панчево, е пред трансфер во Вардар, пишува „Моцарт Спорт“.
Тасиќ ќе биде четвртиот српски репрезентативец во „црвено-црниот“ тим по Вукашин Воркапиќ, Урош Митровиќ и голманот Милан Бомаштар, кој треба да дојде на лето.
Според српскиот медиум договорот меѓу играчот и Вардар е постигнат, но допрва треба да се реши прашањето околу оштетата.
Тасиќ има договор со Динамо Панчево до 2027 година, па македонскиот тим ќе мора да плати оштета. 23-Годишниот специјалист за одбрана ја одработува четвртата сезона во Панчево, а претходно беше дел од Војводина и Спартак Суботица.
Настапи во српскиот состав на ЕП и беше меѓу најдобрите во триумфот над Германија на континенталниот собир.
Досега Вардар го договори и левиот бек Леон Љевар од Слован Љубљана, а според плановите на клубот се бараат уште засилувања во бековската линија.
























