Тимот на ПАОК каде што игра Евгениј Темелкоски славеше против Феронас на Дарко Георгиевски во натпревар од грчкиот шампионат.
Во мак-двобојот во јужниот сосед ПАОК запиша нови бодови со триумфот од 35-27, откако и на полувремето водеше против Феронас со 20-17.
Десното крило Темелкоски успеа да постигне три гола, додека средниот бек Георгиевски даде седум погодоци во противничката мрежа.
ПАОК е трет на табелата со 35 бодови, зад Олимпијакос и АЕК кои имаат по 36, па трката за титулата во Грција ќе биде многу интересна.
























