ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Женско дерби – кој ќе направи чекор напред кон титула, Ѓорче или Чаир?

Во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде големото дерби во Супер женската лига меѓу екипите на Ѓорче Петров и Чаир.

„Лавиците“ имаат 29 бодови на лидерското место, додека Чаир има 28 на второто место на табелата.

Со победа, Ѓорче Петров би направил крупен чекор кон одбрана на титулата и би имал плус три бода пред гостувањето во Чаир, додека чаирчанки со два бода од ова тешко гостување би ја преземале лидерската позиција и на домашен терен ќе имаат „меч топка“ за историја.

Двете екипи имаа промени во составите и ги засилија своите редови во зимскиот преоден рок, па ќе биде интересно да се видат новите имиња на терен против силен ривал.

Денеска ќе стартува и второто коло од суперлигашкиот плеј-аут, а екипата на Пролет ќе биде фаворит пред своите гледачи на дуелот против Струга, иако на последниот двобој меѓу овие две екипи стружани успеаја да извлечат реми.

Свои настапи на европските терени во домашните првенства ќе имаат и дел од македонските интернационалци во Австрија, Франција, Полска…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 ПРОЛЕТ – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 OСТРОВИЕЦ – ПУЛАВИ (ПОЛСКА)
20:30 ПОНТО – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)
19:30 АЛПЛА ХАРД – ВОСЛАУЕР (АВСТРИЈА)