Во Автокоманда паднаа 75 гола!

Во Автокоманда со натпреварот меѓу „витамините“ и Кичево беше отворено 18 коло во прволигашката конкуренција.

Избраниците на Миле Бочкаровски славеа со убедливи 35 погодоци разлика против последнопласираниот тим, 55-20.

По десет погодоци за победничкиот тим постигнаа кадетските репрезентативци Стефан Ѓеоргиески и Стефан Ѓеоргиевски, а по шест пати стрелаа Дарјан Ѓокески и Јован Петрески.

Во составот на Кичево, по шест пати реализираа Огнен Вардовски и Благој Христовски.

Во следното коло Кичево ќе му гостува на лидерот Младост Богданци, додека „витамините“ гостуваат кај Преспа во Ресен.