Тимот на Спартак по поразот кај Ѓорче Петров, влезе во победничка серија во Супер женската лига и запиша три триумфи по ред.
Последниот беше на гостувањето кај Вардар со убедливи 33-25, иако само на десетина минути до крајот беше 23-22 за Спартак.
Следуваше голем пад во играта на „црвено-црните“, искусните гостинки тоа знаеја како да го искористат и предводени од Цветановска, Спартак отиде на 31-22 и го реши победникот.
Триото Николовска со 11, Цветановска и Зечевиќ со по седум гола, беа најдобри кај Спартак, а во составот на Вардар кој успеваше да парира во најголем дел од мечот, ударни игли беа Миленкоска со шест и Беровиќ со пет погодоци.
На табелата, Вардар е на четвртото место со 18 бодови, додека Спартак сега има осум на шестото место.



















