Ракометарките на Овче Поле СУ им се вратија на победите во прволигашката конкуренција, откако во натпревар од 17. коло рутински ја совладаа екипата на Шампион.
Домаќинките во Свети Николе доминираа во текот на целиот натпревар и ја контролираа играта целиот меч. Конечниот резултат 41-13 (26-6) најдобро говори за односот на силите на теренот.
Најефикасна на натпреварот беше Анастасија Сентовска со 12 погодоци, осум гола постигна Наталија Манева, додека Јована Ангеловска натпреварот го заврши со седум реализации.
Во редовите на гостинската екипа, Јована Васовска се истакна со шест погодоци.
Следен предизвик за Овче Поле СУ ќе биде Куп натпреварот против екипата на Деспина, а Шампион во истото натпреварување ќе се соочи дома со Куманово.

























