Црна Гора без „охриѓанецот“ Борозан во лов на Мундијал

Селекторот на машката репрезентација на Црна Гора, Дидие Динар, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за бараж двомечот против Финска за пласман на СП 2027.

Динар ќе смета за оваа акција на 18 играчи, од кои 12 настапија на ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка, а единствен дебитант е левиот бек на Будуќност, Емир Ѓуловиќ.

На списокот на Динар не се најде левиот бек на Охрид, Вуко Борозан, но и Стеван Вујовиќ, а доскорешниот капитен Мирко Радовиќ ја заврши репрезентативната кариера. Нема да игра ниту левиот бек Милош Божовиќ, а поради повреда отпадна уште еден лев бек – Арсеније Драгашевиќ од Мешков Брест.

Камбек на голот правата Небојша Симиќ и Никола Матовиќ, кои го пропуштија ЕП поради тешки повреди, а сега се враќа и левото крило на Нексе, Александар Бакиќ, кој исто така го пропушти ЕП 2026.

Ако ја мине Финска во вториот бараж, тогаш Црна Гора во третиот бараж за СП 2027 ќе се соочи со селекцијата на Словенија.