Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени судиските парови за 2 коло од плеј-офот/аут во Супер машката лига.
Во разигрувањето за титулата ќе има две дерби средби – во Охрид каде ќе гостуваат „сино-белите“ од Автокоманда и во Битола каде ќе се соочат актуелниот првак и вицепрвак.
Арбитражата на најголемото дерби во македонскиот ракомет, ждрепката им ја „довери“ на Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат двобојот во Охрид, додека Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе делат правда на мечот во Кавадарци.
Супер лига, плеј-оф/аут, 2 коло:
Еурофарм Пелистер – Вардар (Металари/Николовски)
Охрид – Алкалоид (Божиновски/Начевски)
Тиквеш – Бутел Скопје (Начевски/Николов)
Пролет – Струга (Илиевски/Илиевски)
Прилеп – Куманово (Ќаев/Ќаев)
Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш (Митревски/Тодоровски)
























