Селекторот на машката младинска репрезентација, Наум Танески, го објави списокот на ракометари за претстојната ЕХФ недела.
Танески ќе смета на 20 ракометари, а сите се од домашното првенство и со овој собир ќе ги почнат подготовките за настапот на ЕП во Романија.
Момците на Танески ќе одиграат две пријателски средби против кадетите на Горан Кузманоски во оваа ЕХФ недела.
Собирот на младинците е на 17 март во вторник, а натпреварите ќе се играат на 20 и 21 март.
Maкедонија ќе биде дел од ЕП во Романија од 8 до 19 јули и ќе игра против Хрватска, Норвешка и Данска.

























