Десниот бек на женската репрезентација на Македонија, Јована Кипријановска, се најде во идеалниот тим на квалификациите за ЕП 2026.
Кипријановска постигна 13 погодоци на двата меча против Белгија што се одиграа во Хаселт и Куманово, и беше меѓу главните оружја на Македонија.
Покрај Кипријановска, во идеалниот тим на квалификациите по 3 и 4 коло се најдоа и Јауковиќ од Црна Гора, Дол од Германија, Букти од Франција, Јоргенсен од Данска.
МВП на квалификациите беше голманката од Данска, Ана Кристенсен.
Македонија со победата над Белгија во Куманово со 33-28 го обезбеди третото место и сега е на добар пат да обезбеди место на ЕП 2026.


























