Јагуриновски пред двобојот со тимот на Лазаров: Со полна сала да ги задржиме бодовите во Охрид

Ракометарите на Охрид по пласманот на завршниот турнир во Купот на Македонија, ќе им се вратат на обврските во суперлигашкиот плеј-оф.

Откако триумфираа на стартот над Бутел Скопје, на домашен терен ќе го пречекаат составот од Автокоманда предводен од Кирил Лазаров.

Десниот бек Томислав Јагуриновски ги сподели очекувањата од пресметката со „сино-белите“.

„Во сабота не очекува тежок и важен меч на домашен терен. Ќе го дадеме нашиот максимум да ги задржиме двата бода и се надеваме на полна сала и голема поддршка“, изјави Јагуриновски.

Натпреварот меѓу Охрид и тимот на Лазаров се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:00 часот.