Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во следниот период нема да смета на услугите на словенечкиот среден бек Домен Тајник.
Словенецот, кој игра во одлична форма во последно време, беше итно опериран поради слепо црево и нема да биде на располагање на тренерот Стевче Алушовски.
Од битолскиот клуб му посакаа побрзо закрепнување на Тајник, кој сигурно ќе ја пропушти последната средба во ЛШ против Барса.
Допрва ќе биде познато колкава ќе биде паузата за словенечкиот среден бек и колку средби од плеј-офот ќе пропушти.

























